„Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од онаа за магистерските и докторските студии на Филозофскиот факултет, која ќе ја изненади целата македонска јавност, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска.
Таа вели дека има многу неправилности во одредени институции и оти за нив ќе се постапува по закон.
„Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи, дополни Јаневска, коментирајќи ги случувањата, каде што од 2019 година на Филозофски противзаконски се запишувале студенти на едногодишни магистерски и докторски студии.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
