Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Akuo, Eco Logic и Универзитетот „Гоце Делчев“ започнуваат пилот-проект за одржливост во образованието
    Screenshot
    Република

    Akuo, Eco Logic и Универзитетот „Гоце Делчев“ започнуваат пилот-проект за одржливост во образованието

    24/04/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Akuo, глобален производител на обновлива енергија, во партнерство со Eco Logic, невладина организација посветена на промоција на еколошките вредности преку образование, и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, го започнува проектот Akuo EduLab, пилот-иницијатива насочена кон зајакнување на образованието за одржливост во Република Северна Македонија. Иницијативата е поддржана од Француската амбасада во Република Северна Македонија. Проектот ги поддржува студентите од образовните науки во стекнувањето зелени компетенции и им дава можност ова знаење да го пренесат на ученици од основните училишта на возраст од 6 до 12 години, преку активности што ќе се реализираат во училиштата. Се очекува Akuo EduLab да придонесе темите поврзани со одржливоста, животната средина и енергетската иднина да станат повидлив и посуштински дел од современото образование. Проектот е осмислен како хибриден модел што ги поврзува високото образование и училишната практика, со цел да се создаде подостапен, интерактивен и применлив модел за учење за одржливост.

    Screenshot

    „Како компанија што инвестира во обновлива енергија и долгорочен развој, веруваме дека одржливата иднина се гради не само преку нови енергетски капацитети, туку и преку знаење, образование и силни локални партнерства. Со Akuo EduLab сакаме да придонесеме темите за одржливост да им бидат поблиски, поразбирливи и поприменливи на младите, а воедно да им помогнеме на идните наставници да стекнат практични алатки што ќе ги користат во својата работа“, изјави Емил Бакиќ, директор на Akuo Balkans.

    Програмата ќе опфати теми како обновливи извори на енергија, биодиверзитет, одржливо градинарство, системско размислување и еколошка комуникација, со акцент на практично учење и содржини приспособени на локалниот контекст.

    „За нас е особено важно што преку Akuo EduLab одржливоста не останува само концепт, туку станува конкретна образовна практика. Проектот е значаен затоа што создава реална врска меѓу еколошкото образование, наставната практика и локалниот контекст“, изјави Никола Нешкоски, програмски директор на Eco Logic.

    Screenshot

    Се очекува проектот директно да вклучи околу 20 студенти од Факултетот за образовни науки и 20 наставници од основните училишта, а индиректно да опфати повеќе од 400 ученици во Општина Штип. Меѓу очекуваните резултати е и систематизацијата на стекнатото искуство преку подготовка на посебен практичен прирачник, со цел моделот подоцна да може да се применува, надградува и приспособува и во други образовни средини.

    „За нас, Akuo EduLab претставува вредна можност студентите да го надградат своето академско знаење преку практична примена во реална образовна средина. Особено е важно што преку овој проект ќе работат на теми што стануваат сè порелевантни во современото образование и ќе стекнат искуство што ќе биде корисно за нивниот понатамошен професионален развој“, изјави проф. д-р Трајче Стојанов, декан на Факултетот за образовни науки.

    Со вложување во идните наставници и создавање простор децата уште од рана возраст да се запознаат со темите за одржлив развој, проектот има цел да придонесе кон посилна еколошка свест, унапредени педагошки капацитети и поблиска соработка меѓу универзитетите и училиштата.

    Поврзани вести:

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    Естонската амбасадорка во Скопје: Европската иднина се гради преку партнерство и разбирање

    Естонската амбасадорка во Скопје: Европската иднина се гради преку партнерство и разбирање

    Институциите бараат трајно решение за кравите кои слободно се движат низ Крива Паланка

    Институциите бараат трајно решение за кравите кои слободно се движат низ Крива Паланка

    Мицкоски во Берлин на Коалицијата на волните

    Мицкоски во Берлин на Коалицијата на волните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Akuo Eco Logic Гоце Делчев образование
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    20/11/2026

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    20/11/2026

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.