Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Започна реконструкцијата на познатата „Алхамбра“ во Битола – изведувач е Стентон Градба
    Screenshot
    Република

    Започна реконструкцијата на познатата „Алхамбра“ во Битола – изведувач е Стентон Градба

    24/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во срцето на Битола, на Широк Сокак и во непосредна близина на плоштадот Магнолија, започна реконструкцијата на еден од најпрепознатливите и највпечатливи објекти од градското архитектонско наследство – познатата куќа „Алхамбра“. Според описот на објектот, станува збор за историска градба што со децении претставува дел од визуелниот и културниот идентитет на Битола, препознатлива по својот ориентален дух, декоративност и силно присуство во старото градско јадро.

    Објектот, кој во минатото бил познат и како Солунска банка, претставува значаен сведок на урбаниот развој на Битола од крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век. Неговата архитектура, според достапните податоци, ги спојува историските слоеви на градот, неокласичните влијанија и препознатливите декоративни елементи што кај битолчани ја втемелиле популарната називка „Алхамбра“. Реконструкцијата на овој значаен објект е доверена на градежната компанија Стентон Градба од Битола, која како изведувач ќе работи на обновување и зачувување на неговата автентичност, со посебно внимание кон историската и архитектонската вредност на градбата.

    Во рамки на реконструкцијата е предвидено поставување на внатрешен лифт, со цел да се обезбеди пристапност и непречено користење на објектот за лица со инвалидност и лица со намалена мобилност. Бидејќи куќата е заштитена како историско културно наследство, лифтот ќе биде вграден без уривање и без видоизменување на внатрешната и надворешната архитектура. Решението е усогласено со Правилникот за начинот на обезбедување на непречен пристап, движење, престој и работа на лицата со инвалидност до и во градбите („Сл. весник“ бр. 25/10), како и со стандардите МКС EN 81-41:2025 и МКС EN 81-70:2021+A1:2022, кои ги уредуваат безбедноста и пристапноста на лифтовите за лица со оштетена мобилност.

    Со отпочнувањето на овие активности, „Алхамбра“ добива нова перспектива и можност повторно да го заземе заслуженото место во урбаниот живот на Битола. Ваквите зафати имаат особено значење за зачувување на културната меморија на градот, но и за враќање на сјајот на објекти што имаат симболична, естетска и историска вредност за локалната заедница.

    За Стентон Градба, реконструкцијата на „Алхамбра“ претставува особена чест и одговорност, како компанија од Битола, длабоко поврзана со развојот и унапредувањето на локалниот простор.

    Реконструкцијата на „Алхамбра“ не е само градежен зафат, туку и вложување во зачувувањето на препознатливото битолско наследство – за сегашните и идните генерации.

    Поврзани вести:

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    22/10/2026

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    22/10/2026

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.