Пентагон разгледува казнени мерки против НАТО сојузниците кои, според Вашингтон, не ги поддржале американските операции во војната со Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на интерен допис.
Во документот се наведуваат можности како суспензија на Шпанија од Алијансата и преиспитување на американскиот став за британскиот суверенитет над Фолкландските Острови.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно остро ги критикуваше европските сојузници бидејќи не испратиле свои морнарици за поддршка во отворањето на Ормутскиот теснец, и дури најави дека размислува за повлекување на САД од НАТО.
Во меѓувреме, Велика Британија и Франција сметаат дека приклучувањето кон американската поморска блокада би значело директно вклучување во војната.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

