Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Крит рано утрово, објавија локалните медиуми. Eпицентарот бил на длабочина од 10 километри, според ЕМСЦ.
Раководителот на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси, Ефтимиос Лекас, изјави за ЕРТ дека земјотресот бил почувствуван низ целиот Крит, како и на островите Касос и Карпатос, додавајќи дека сè уште се чекаат точни податоци.
Заменик-гувернерот на Ласити, Јанис Андроулакис, рече дека земјотресот траел подолго и бил почувствуван низ источниот дел од островот, од Ситија до Хераклион, поради што службата за цивилна заштита е ставена во состојба на готовност.
Според извештаите, не е пријавена материјална штета, додека се регистрирани низа послаби потреси. Очевидци рекоа дека земјотресот траел долго, дека ги разбудил и дека мебелот бил поместен.

