Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби останува во куќен притвор, со надзор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
Судот по предлог на Обвинителството ја продолжил мерката за 30 дена.
Груби, кој заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, е осомничен за проневера од осум милиони евра со ВЛТ-апарати, по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин „Блаце“.
Тој по распитот во Обвинителството Груби наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини доби куќен притвор што предизвика реакции во јавноста.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
