Полицијата на подрачјето на општина Аеродром вчера уапси 50-годишен скопјанец откако изврши претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба.
Во објектот се пронајдени и одземени 41 саксија со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори како и канти за одгледување на растенијата.
МВР соопшти дека по документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
