Денешниов ден ќе ни донесе облаци и слаб северен ветер, а во во одредени периоди може да заврне и слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, за претпладне се очекува дожд, а во текот на целиот ден ќе биде променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.
За утре и за понеделник се очекува стабилизација на времето. Во недела ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
