Вечерва во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето”, со почеток во 20:30ч. во Театар Комедија ќе се одигра танцова претстава „АЈДЕ!”.
Претстава „АЈДЕ!” преку препознатлив ритам и музика, со танц, раскажува за неостварена љубов во доминантно патријархална средина и ја оживува ромската музика и фолклор на сцената. Таа има за цел да ја подигне свеста за вредноста на животот, личната слобода и општествените норми во современиот контекст.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
