Во Кисела Вода се утврдува нова програма за спречување на насилство, на втората седница на Локалниот совет за превенција за периодот 2026–2027, со која се зајакнува координацијата меѓу институциите со цел тие да да постапуваат заеднички и побрзо при случаи на насилство.
Седницата ја водеше градоначалничката Бети Стаменкоска Трајковска, а присуствуваа претставници на Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје, полициските станици, како и институции од образованието и социјалната заштита, со поддршка од ОБСЕ и Македонскиот центар за граѓанско образование.

