Во Порта Македонија денеска се одбележуваат 75 години од основањето на Државниот архив, со свечен настан и обраќања. Јубилејот ја истакнува улогата на институцијата како чувар на културното и историското наследство на државата. На настанот се предвидени и доделување благодарници на долгогодишни соработници и поддржувачи.
По повод јубилејот најавени се и изложби, промоции и презентации на архивски материјали. Државниот архив е основан во 1951 година и претставува една од клучните институции за зачувување на колективната меморија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
