Владата засилено работи на развивање на туристичките можности на охридскиот регион. Го брза завршувањето на автопатот, а сега иницира и обемна реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид, прва поголема откако е изграден во 1952 година.
Министерот за транспорт, Александар Николоски објасни дека со реконструкцијата, аеродромот ќе добие вкупно 4.500 метри квадратни функционален простор, што е некаде зголемување за 2.500 квадратни од постојниот простор.
Дополнителното добро е тоа што овој градежен зафат треба да заврши пред почетокот на летната сезона за кога се очекува да се зголеми атрактивноста и да се привлечат нови авиолинии.
Владата предвидува дека така Охрид ќе стане уште посилна туристичка и транспортна точка во регионот и дека градот ќе има прилив на гости и надвор од летната сезона.
Сега останува и градоначалникот да ги засука ракавите и да го среди Охрид повеќе одколку што е сега. За него има многу работа до летото.
