Се спроведува крводарителска акција денеска во просториите на Општина Аеродром, организирана во соработка со ЈЗУ ГОБ „8 Септември”, со цел обезбедување доволни резерви на крв. Во акцијата учествуваат вработени од општинската администрација и граѓани.
Од Општината информираат дека интересот е голем и дека ваквите активности придонесуваат за подигнување на свеста за значењето на крводарувањето. Акцијата е дел од редовните хуманитарни активности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
