Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Наскоро постапка за избор на проектант и изведувач за гасоводот кон Србија
    Економија

    Наскоро постапка за избор на проектант и изведувач за гасоводот кон Србија

    25/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста пренос на природен гас, Номагас, се подготвува за отворање на тендерската постапка за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект претставува втората клучна точка во стратегијата за диверзификација на изворите на енергија и намалување на зависноста од еден снабдувач. Овој важен чекор за унапредување на позицијата на Македонија како значајна енергетска врска меѓу јужните и северните правци во регионот ќе придонесе за зајакнување на енергетската безбедност во регионот, унапредување на енергетската транзиција, поефикасно балансирање на понудата и побарувачката на гас, како и интеграција на регионалните гасни пазари.

    -Проектот се движи низ јасно дефинирани фази и дека досегашната институционална и техничка координација создава основа за следните чекори. Во изминатиот период беа потврдени заедничките заложби на Номагас и Србијагас за забрзување на реализацијата, а на ниво на ресорни министерства и оператори беше нагласено дека постои јасна динамика, завршени студии и поддршка за продолжување на проектот – велат од Номагас.

    Гасоводот со Србија е предвидено да има должина од околу 68 километри, од кои околу 23 километри се на територијата на Македонија. Трасата треба да го поврзе постојниот национален гасоводен систем со границата кон Србија, што ќе овозможи транзит на природен гас од југ кон север, но и интеграција на земјата во регионалните гасоводни мрежи. Проектот ќе се реализира на потегот Клечовце–Врање и треба да овозможи двонасочен транспорт на природен гас меѓу двете земји. Интерконекторот ќе има капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно, а со неговата реализација Македонија ќе добие нова врска кон северниот правец, паралелно со пошироките активности за енергетско поврзување на регионот. На македонска страна е предвидена изградба на главна мерна станица.

    Интерконекцијата со Србија има значење што ја надминува билатералната инфраструктурна соработка. Со реализацијата на овој проект, Македонија дополнително ќе ја унапреди својата позиција како важна енергетска врска меѓу јужните и северните правци во регионот, со значење за поврзаноста, сигурноста на снабдувањето и диверзификацијата. Воедно, овој правец се вклопува во пошироката визија за посилно енергетско поврзување на Балканот и отворање пристап до повеќе извори и рути на снабдување.
    Од НОМАГАС оценуваат дека отворањето на постапката за избор на проектант и изведувач ќе биде важен исчекор кон влез во поконкретна реализациска фаза. Тоа ќе значи премин од досегашната подготовка, студии и меѓуинституционална координација кон активности што ќе ја приближат изградбата на новата гасна врска меѓу Македонија и Србија.

    Поврзани вести:

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    26/10/2026

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    26/10/2026

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.