„Нема бизнис мрежа, има октопод на СДСМ, Заев и Филипче кој преку лагите креирани од Башановиќ и Счекич се обидува да го прекрие криминалот и ја поткопува вистината и довербата на граѓаните“, се наведува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на СДСМ.
„Единствена мрежа е таа на СДСМ и Филипче која преку екс советникот на Заев, Зоран Башановиќ и Милјан Счекич, сега е задолжена за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДСМ.
А единствен октопод е манипулативниот октопод на СДСМ, со раце кои се протегаат преку странски ПР структури, медиуми и политички центри, кој го покрива криминалот и лагите на Зоран Заев и Филипче поткопувајќи ја вистината и довербата на граѓаните.
Токму поради странските ПР агенции ангажирани од Заев и Филипче е опседнaтоста на СДСМ со српската СНС,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија ја повик СДСМ јавно да одговори кој ги креира нивните пораки и комуникациски стратегии.
