Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Гасниот интерконектор со Грција напредува: Завршени 96% од експропријацијата на земјиштето
    Економија

    Гасниот интерконектор со Грција напредува: Завршени 96% од експропријацијата на земјиштето

    12/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција влегува во нова фаза на реализација. Завршени се 96% од постапките за експропријација на земјиштето долж трасата на гасниот интерконектор со што се создаваат и услови за влез во следните активности на терен, потврдуваат од државната компанија НОМАГАС.

    Станува збор за значаен чекор во развојот на еден од најважните енергетски инфраструктурни проекти во државата, кој има стратешко значење за сигурноста на снабдувањето, диверзификацијата на изворите и посилната поврзаност на Македонија со регионалната и европската гасна мрежа. Проектот се однесува на гасниот интерконектор со Грција, на потегот од Гевгелија до Неготино, во должина од околу 68 километри, за кој во мај 2025 беше потпишан договор за изградба, со предвиден рок од 22 месеци. Согласно сегашната динамика на реализација, завршувањето на проектот може да се очекува кон средината на 2027 година.

    „Сакам да нагласам дека една од клучните карактеристики по кои овој проект се издвојува е тоа што прашањето на експропријацијата го решаваме уште во рана фаза од реализацијата. Со завршувањето на постапките за експропријација за 96% од парцелите, регулирано е користењето на 94% од вкупната површина на земјиште долж трасата. Во тек се постапки за уште 20 парцели, кои ги опфаќаат преостанатите 6% земјиште на кое е предвидено изградбата на гасоводот“, велат од државното акционерско друштво НОМАГАС.

    Напредокот во експропријацијата претставува важна административна и подготвителна фаза, бидејќи решавањето на имотно-правните односи е меѓу клучните предуслови за непречено продолжување на инфраструктурните активности. Кај проекти од ваков обем, напредокот не се мери само преку градежните работи на терен, туку и преку завршување на сите законски, технички и организациски чекори што ја овозможуваат реализацијата.

    Од Номагас велат дека завршувањето на 96% од овие постапки покажува дека проектот се движи низ јасно дефинирани фази и дека, паралелно со институционалната координација и техничките подготовки, се отвора простор за следните чекори за реализација на инфраструктурата на терен.

    Интерконекторот со Грција треба да обезбеди алтернативен влез за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и пристап до повеќе извори, што е особено важно за земја како Македонија, која сè уште има ограничена гасна инфраструктура и потреба од посилна регионална поврзаност.

    Со тоа, Македонија добива втор влезен правец за природен гас, се намалува зависноста од само еден извор на снабдување и се создаваат услови за поголема сигурност и конкурентност на пазарот. Покрај НОМАГАС, и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го позиционира овој проект како важен дел од пошироката енергетска инфраструктурна трансформација на државата.

    Дополнителна потврда дека проектот напредува е и фактот што НОМАГАС на крајот на 2025 година информираше дека веќе се пристигнати првите цевки за следната фаза од реализацијата. Со влезот во во следните фази на проектот, Македонија не прави само конкретен инфраструктурен исчекор, туку истовремено напредува и во исполнувањето на обврските преземени во рамки на Енергетската заедница, особено во делот на енергетската поврзаност, сигурноста на снабдувањето и диверзификацијата на правците.

    Во текот на подготовката на проектот беа спроведени и повеќе јавни консултации и презентации, како во фазата на проектната документација и студијата за животна средина, така и пред отпочнувањето на градежните активности.

    Поврзани вести:

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    26/10/2026

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    26/10/2026

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.