Нова иницијатива од Белград и Тирана околу евроинтеграциите. Имено, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама повикаа на забрзан процес на интеграција на Србија и Албанија во ЕУ, објави „Јуроњуз”.
Двајцата лидери во заеднички авторски текст, објавен во германски весник ја опишаа својата идеја како „реалистичен пат кон ЕУ”, при што функционалната делумна интеграција би служела како меѓуфаза за оживување на процесот на проширување на ЕУ. Нивниот заеднички предлог предвидува постепена интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ и во Шенген-зоната, но без: еврокомесари од нивните земји, пратеници во Европскиот парламент и без право на вето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
