„Европската Унија поради „премногу идеолошки обоена политика во Брисел” го изгуби своето влијание во светот и ѝ е потребна нова енергија, која може да ја донесат земјите од Западен Балкан,” изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Говорејќи на форум посветен на Балканот, Сијарто оцени дека регионот може да внесе нова динамика во ЕУ.
Сијарто се осврна и на иднината на ЕУ, при што нагласи дека Унгарија поддржува интеграција заснована на суверени национални држави, а не создавање „Соединети Европски Држави”. Тој предупреди дека укинувањето на правото на вето би значело откажување од дел од националниот суверенитет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
