Ретроспективна изложба на уметницата Ита ТС Арт ќе биде отворена на 11 март (среда) во 19 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
На изложбата ќе бидат претставени 30 дела, со кои уметницата одбележува 35 години творештво. Станува збор за слики создадени во различни периоди, изработени во техника акрил на платно и на картон. Мотивите се разновидни и ја отсликуваат нејзината уметничка еволуција низ годините.
„Сакам на прилепската публика да ѝ го пренесам моето творештво. Многу сум среќна што овој јубилеј го одбележувам во мојот роден град“, вели уметницата.
Ита ТС Арт живее и твори во САД, а досега има реализирано изложби во Македонија, Соединетите Американски Држави и во повеќе европски земји.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
