„Солидарност со мојот пријател и патриот, премиерот Виктор Орбан, кој отсекогаш бил на чело на одбраната на слободата и правата на своите граѓани и патриоти низ цела Европа. Загриженост и цврста осуда на мешањето и заканите од странски земји. Наскоро ќе бидам во Будимпешта, претставувајќи ги италијанските патриоти, за да ја изразам нашата солидарност и поддршка“ – напиша на социјалните мрежи италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини.
Неговата поддршка до Орбан доаѓа откако тој доби директна закана од страна на украинскиот претседател Володомир Зеленски, дека ако не ја одблокира помошта од 90 милијарди за Украина од Брисел, ќе му прати војници.
На тоа реагираше можне остро словачкиот премиер, Фицо кој директно ги прозва Урсула дер Лајен, Антонио Кошта и, како што рече, таканаречената министерка за надворешни работи на Европската Унија, Каја Калас, да се дистанцираат од овие недозволиви и уценувачки изјави на Зеленски.
