Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Фицо со поддршка за Орбан, побара ЕУ да се огради од изјавата на Зеленски
    Свет

    Фицо со поддршка за Орбан, побара ЕУ да се огради од изјавата на Зеленски

    07/03/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    -Дами и господа, извинете што доаѓам тука дури сега, иако сум во културниот дом веќе подолго време. Не е убаво политичарите да расипуваат убави прослави, но морам на почетокот да кажам нешто поради што доцнам неколку минути – се обрати синоќа словачкиот премиер Роберт Фицо на еден културен настан во главниот град на неговата земја по повод една изјава на украинскиот претседател Зеленски која се однесуваше на премиерот на Унгарија Виктор Орбан и која може да се протолкува како директна закана по живот.

    -Пред околу пет минути видов шокантно видео од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во него тој вели:

    „Се надеваме дека еден човек во Европската Унија нема да ги блокира 90 милијарди, односно првата транша од тие 90 милијарди, и дека украинските војници ќе имаат оружје. Во спротивно, ќе ја дадеме адресата на таа личност на нашите вооружени сили. Нека го побараат и нека комуницираат со него на свој начин“.

    Во тоа видео тој директно му се заканува на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, затоа што унгарската влада во моментов блокира воен заем од 90 милијарди за Украина. Станува збор за заем во кој ниту ние учествуваме, ниту ќе учествуваме, исто како и Чешка и Унгарија – изјави вознемирениот Фицо.

    Тој додаде дека неприфатливо е украинскиот претседател Зеленски да мисли дека „ние сме негови слуги и дека мора да направиме сè што тој очекува“.

    -Ние му помагаме во многу работи, а тој нам ни нанесува штета. Ни предизвика штета од 500 милиони кога станува збор за транзитните такси за гас. Сега го запре и транспортот на нафта. Тврди дека нафтоводот е оштетен, иако сателитските снимки јасно покажуваат дека тоа не е така.

    И јавно си дозволи да каже дека ќе ја даде адресата на Виктор Орбан на војниците од украинската армија и дека тогаш Виктор Орбан веројатно ќе го разбере јазикот со кој тие војници ќе зборуваат – рече Фицо.

    За него, тоа е груба уцена. Тоа, истакнува тој, е нешто што, без разлика што во Украина има војна, сите мора да го одбијат.

    -И ја користам оваа прилика, бидејќи секогаш ги снимаме овие настани за да имаме доказ дека се работи за нормални средби, официјално да ги повикам сите највисоки претставници на Европската Унија, и ќе бидам многу конкретен:

    -претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен;
    -претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта;
    -како и таканаречената министерка за надворешни работи на Европската Унија, Каја Калас, да се дистанцираат од овие недозволиви и уценувачки изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски – рече Фицо.

    Словачкиот премиер додаде дека Зеленски ги преминал сите граници и дека Словачка, како суверена држава, мора да се огласи.

    -Мора да се огласиме, иако немаме голема армија и немаме голема економска сила, но ја имаме нашата сувереност, ја имаме нашата гордост и ваквото однесување принципиелно го одбиваме.

    Нека оваа порака тргне од тука, од Братислава, главниот град на Словачката Република, кон цела Европа и кон целиот свет – истакна Фицо.

    Негвата реакција доаѓа откако вчера Зеленски изјави дека може да ѝ ја даде на украинската војска адресата на „лице во Европската Унија“ кое ја блокира европската помош за неговата земја. УНИАН објави дека Зеленски ја дал изјавата на средба со новинари, алудирајќи на Орбан.

    „Се надеваме дека едно лице во Европската Унија нема да блокира 90 милијарди евра, или првата транша од тие 90 милијарди, и дека украинските војници ќе имаат оружје. Во спротивно, ќе им ја дадеме адресата на тоа лице на нашите вооружени сили – нека го повикаат и нека разговараат со него на свој јазик.“

    „Ни е јасно дека немаме алтернатива за овие пари. Ни е јасно дека едно лице ги блокира. Официјално нема тајни тука“, додал украинскиот претседател, на што реагираше Фицо, а неговата реакција ја репостираше Орбан.

    Поврзани вести:

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените

    Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    еу зеленски изјава орбан Фицо
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    03/10/2026

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    03/10/2026

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.