Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека одлуката на САД и Израел да го нападнат Иран била надвор од рамките на меѓународното право.
Одговарајќи на прашање на опозициски пратеници во парламентот, кои ги обвинија Вашингтон и Тел Авив за кршење на меѓународните правила, Крозето рече: „Секако дека нападот беше надвор од правилата на меѓународното право и тоа не треба ни посебно да се нагласува.”
Во меѓувреме Италија ја затвори амбасадата во Техеран, а од министерството за надворешни работи инфомираа дека околу 50 италијански државјани се евакуирани од Иран преку Азербејџан.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
