И по шест дена откако е жестоко бомбардиран Иран се држи цврсто и возвраќа на ударите. Во САД и Израел очекуваа дека до сега земјата ќе капитулира, но ништо од тоа. Засега не е загрозена ниту власта на иранскиот режим, тврдат европски и арапски аналитичари. Иран, велат тие, бил подготвен за ваков конфликт.
Според нив, се чини дека командните структури, и покрај десеткувањето на раководството, останале главно недопрени, што му овозможило на Иран само неколку часа по почетните напади да започне одмазднички удари врз Израел, и американски цели во соседните држави.
Нема извештаи за позначајни пребегнувања во редовите на режимот ниту за народни бунтови, велат европски и арапски проценки пренесени во Вашингтон пост.
„Нема ни најмал знак дека системот се распаѓа. Апсолутно ништо. Нула”, изјавил за весникот висок европски претставник.
