Автомобил со скопски регистерски таблички, доцна синоќа се забил во жардинерата на средина на Булеварот Партизански одреди, близу Соборниот храм „Св. Климент Охридски”, откако возачот изгубил контрола врз возилото. На местото на несреќата излегла екипа на СВР Скопје, а граѓани на
социјалните мрежи објавуваа видео и фотографии од забиеното возило. МВР врши истрага како дошло до несреќата и дали во возилото имало други лица покрај возачот.

