Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Ваучери од 28.000 денари за инвертери во 2026: отворен повикот на МЕРМС за компаниите за бела техника
    Економија

    Ваучери од 28.000 денари за инвертери во 2026: отворен повикот на МЕРМС за компаниите за бела техника

    03/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во последните години, програмата за поддршка за набавка на инвертер клима-уреди за ранливите категории граѓани предизвикува континуиран интерес кај трговците со бела техника. Оваа програма, која овозможува поекономично и поеколошко греење преку државна помош, веќе две години успешно ја спроведува Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

    Министерството го објави јавниот повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија, со што и за 2026 година започна практичната реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.
    Со програмата е предвидено секое домаќинство кое ќе добие ваучер за набавка и инсталација на високоефикасен инвертер клима-уред во вредност до 28.000 денари со вклучен ДДВ, да може да го набави уредот од компании кои ќе се јават на објавениот повик и ќе склучат договор со Министерството.

    На јавниот повик може да учествуваат правни субјекти кои се регистрирани во Централниот регистар, а кои вршат трговија со високоефикасни инвертер клима уреди. Избраните компании ќе имаат обврска да обезбедат уреди со најмалку енергетска класа А+, нивна монтажа на адресата на корисникот, како и гаранција од најмалку две години, без дополнителни трошоци за граѓаните.

    „Министерството ги повика сите заинтересирани компании да се вклучат во реализацијата на програмата и да придонесат кон нејзино успешно спроведување, затоа што оваа мерка е конкретен чекор во намалување на енергетската сиромаштија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Наша цел е да обезбедиме поекономично и поодржливо греење за граѓаните кои имаат најголема потреба од поддршка“, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

    Информации од изминатите години покажуваат дека интересот за субвенции за намалување на енергетската сиромаштија е силен и стабилен. Во 2025 година Министерството исплати 42,3 милиони денари субвенции за ранливи потрошувачи, со намалување на сметките за струја од 1.000 денари месечно, како и 170 милиони денари за субвенции за инвертер-клими со цел да се обезбеди достапна, сигурна и социјално праведна енергија за граѓаните кои се соочуваат со енергетска сиромаштија, со посебен акцент на лицата со попреченост и корисниците на гарантирана минимална помош.

    Лани за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди пристигнаа над 4.000 апликации од домаќинства со ниски приходи и од домаќинства во кои единствен приход е пензија.

    Во 2025 година фокусот јасно се врза со борбата против енергетската сиромаштија, а само една година претходно, во ноември 2024, Министерството објави дека вкупно 6.182 домаќинства ќе добијат вредносни ваучери преку две програми: 4.591 домаќинство се опфатени преку програмата за енергетска ефикасност, а 1.591 домаќинство преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

    Оваа континуираност јасно праќа порака дека не станува збор за еднократна мерка, туку за политика што се надградува и се повторува со јасни правила. Со последниов повик, Министерството практично ја гради мрежата преку која ранливите домаќинства ќе добијат реална и мерлива промена во секојдневието – поефикасно греење, подобар комфор и повеќе предвидливи трошоци во зимските месеци.

    Инвертер климите се технологија која е меѓу најбрзите начини да се зголеми енергетската ефикасност во домот без градежни интервенции, но и да се намали користењето огрев кој има поголемо негативно влијание врз загадувањето на воздухот.

    Поврзани вести:

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    26/10/2026

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    26/10/2026

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.