Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Промена на правила за подинамичен ракомет
    Спорт

    Промена на правила за подинамичен ракомет

    03/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Правилата во спортот постојано се менуваат. Така, Светската ракометна федерација објави промена на четири правила, кои важат од денес.

    Прво, удар во глава при пенал – повеќе не значи директен црвен картон
    Една од главните измени е правилото што предвидуваше директен црвен картон, доколку играчот го погоди голманот во главата при изведување седмерец или слободен удар.

    Со новите измени, казната ќе биде исклучување од две минути, под следниве услови:

    • Кога играч во отворена ситуација го погодува голманот во глава,
    • Кога играч го погодува голманот од седмерец, ако голманот не ја движи главата кон топката за да ја блокира,
    • Кога при слободен удар по крајот на натпреварот, стрелец го погоди одбранбен играч во главата, ако тој не се движи кон топката.

    Второ,  се менува правилото за изведување на почетен удар

    Досега судиите можеа да дадат сигнал за почеток ако топката и барем едното стапало на играчот биле во централниот круг, а со новото правило судиите може да дадат сигнал за изведување на почетниот удар, само ако топката и изведувачот се целосно внатре во кругот за изведување.“

    Трето, се допрецизна дефиниција за правилото за чекори

    Според овој изменет член во иднина на играчот ќе му биде дозволено да направи најмногу три чекори откако ќе ја прими топката од соиграч или ќе ја фати по одскок. Ако играч ја фати топката додека е во воздух, првото стапнување на едното или двете нозе нема да се смета како чекор.

    Четрвтата промена на правило се однесува на топката надвор од терен.

    Според промената не е дозволено играч да ја допре топката ако дел од телото му ја допира подлогата надвор од теренот. Тоа ќе резултира со слободен удар за противничкиот тим.

    Новите правила веќе се применуваа на СП за младинци во Полска.

    Поврзани вести:

    Голем пресврт на младите Македонки – од 0:3 до 3:3 против Црна Гора

    Голем пресврт на младите Македонки – од 0:3 до 3:3 против Црна Гора

    До 4.000 шкотски навивачи доаѓаат во Скопје – подготвуваат и донација од 5.000 фунти

    До 4.000 шкотски навивачи доаѓаат во Скопје – подготвуваат и донација од 5.000 фунти

    Радески блесна со три гола, Струга ТЛ испрати силна порака за титулата

    Радески блесна со три гола, Струга ТЛ испрати силна порака за титулата

    Мељиќи за првпат повикан во А-репрезентацијата: Подготвен сум да го дадам максимумот

    Мељиќи за првпат повикан во А-репрезентацијата: Подготвен сум да го дадам максимумот

    Реал Мадрид испиша историја и го освои првиот Суперкуп на Евролигата

    Реал Мадрид испиша историја и го освои првиот Суперкуп на Евролигата

    Вардар ја совлада Шкендија Арачиново и се проби во горниот дел од табелата

    Вардар ја совлада Шкендија Арачиново и се проби во горниот дел од табелата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Голем пресврт на младите Македонки – од 0:3 до 3:3 против Црна Гора

    22/09/2026

    До 4.000 шкотски навивачи доаѓаат во Скопје – подготвуваат и донација од 5.000 фунти

    22/09/2026

    Радески блесна со три гола, Струга ТЛ испрати силна порака за титулата

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.