Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Со враќањето на клучот од градот заврши Струмичкиот карневал
    Култура

    Со враќањето на клучот од градот заврши Струмичкиот карневал

    26/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со симболичното враќање на клучот од градот на градоначалникот Петар Јанков, карневалџиите официјално ги затворија осумдневните карневалски свечености во Струмица.

    Градот повторно живееше во духот на традицијата, маските и веселбата, а завршниот чин го означи враќањето на „власта“ во рацете на градоначалникот – обичај што го симболизира крајот на карневалското владеење.

    „Струмичани уште еднаш покажаа дека се гостољубив народ и дека знаат да организираат врвна забава. Како градоначалник, сакам да им се заблагодарам на сите што придонесоа ова издание на карневалот да биде едно од најдобрите досега“, изјави Јанков.

    Завршија осумдневните карневалски празнувања во Струмица

    Исполнети ветувања за добра забава

    Претседателката на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Танкица Стојанова, истакна дека со враќањето на клучот симболично се заокружува уште едно успешно карневалско издание.

    „Драго ми е што Струмица доби карневал каков што заслужува. Сите карневалџии беа тука со нас и се надевам дека следната година ќе ги имаме во уште поголем број“, рече Стојанова.

    Традицијата продолжува

    Пред финалниот чин, беше одржан традиционалниот Тримерски посен ручек, проследен со настап на „Распеани струмичани“. Овој обичај има длабоки корени во струмичката традиција.

    Во минатото, ручекот го подготвувало семејството на армасаната (верената) девојка, во чест на гостинките што доаѓале заедно со идната свекрва. Со подароци и пеење еротски песни, тие симболично ја подготвувале идната невеста за брачниот живот.

    Со овој чин, Струмица го затвори уште едно карневалско поглавје, оставајќи зад себе осум дена исполнети со традиција, музика и маскенбалска магија.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    карневал клуч струмица
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.