Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»„Дигитален пресврт“ – Драшко Накиќ со интерактивна изложба што ги руши границите на уметноста
    Култура

    „Дигитален пресврт“ – Драшко Накиќ со интерактивна изложба што ги руши границите на уметноста

    24/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во КСП Јадро вечер ќе биде отворена интерактивната изложба на дигитална уметност „Момент на пресврт“ од Драшко Накиќ. Изложбата може да се посети до 26 февруари, секој работен ден од 10:00 до 16:00 часот.

    Поставката со наслов „Момент на пресврт“ има за цел да поттикне сеќавање на оние луѓе кои ни помогнале кога ни било најтешко. Истата сака да потсети дека животот може брзо да се претвори од хармонична сказна во исцрпувачка борба, но и дека преку поддршката од искрено, грижливо социјално опкружување може да се најде инспирација и позитивна гледна точка за справување со предизвиците.

    Поставката нè води низ четири фази: „Пренасочување“ – моменти на драстична промена, „Еуфорија“ – период на возбуда поради идентификување на новиот пат и чекорење кон светлата точка, „Хармонија“ – запливување во мирни води и смиреност, и „Игривост“ – комплетна комотност во новата ситуација и охрабрување за влез во нови креативни процеси. Во фазата „Пренасочување“, посетителите се повикани да помислат на личност која им помогнала во тешки моменти слични на тие прикажани во делата и да стават стикер со името и меѓусебниот однос. Како симбол на тоа дека секој немил настан може да се гледа од различен агол во потрага по светла точка, посетителите ќе можат физички да ги ротираат делата и да запишат свои, нови наслови.

    Драшко Накиќ има докторат по биомедицинска информатика. Моментно работи на својот стартап, а поседува долгогодишно истражувачко искуство на универзитетите Харвард и Колумбија во САД. Во својата претприемачка и научна дејност, Драшко се фокусира на дизајн на алатки поткрепени од вештачка интелигенција кои им помагаат на пациентите да ги разберат своите медицински податоци и да комуницираат поефективно со лекарите. Во 2020 година, Драшко се одлучува да ги преточи своите вештини за визуелизација на податоци во презентирање на животни настани преку геометриски форми и строги правила на нивниот аранжман. Овој труд вродува со плод преку самостојна изложба во Њујорк (САД) во 2025 година

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.