Скопјанец синоќа загина во несреќа на пешачката зона на кејот на Вардар, спроти Паркот на Франкофонијата.
Според информации од очевидци, мажот бил прегазен буквално под прозорецот од својот стан, веднаш откако излегол надвор. Страшно е што во моментот на трагедијата, во близина имало повеќе од 30 деца кои се движеле и играле на кејот, затоа што можело да дојде до уште поголема несреќа.
Очевидци кои споделуваат детали на социјалните мрежи тврдат дека мотоциклот со кој било удрено лицето, бил управуван од две лица кои побегнале.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
