Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Струмица во карневалски ритам: Над 1.000 учесници и настап на Кирил Џајковски
    Costumed revelers perform in a carnival procession on the streets of Strumica in the great evening carnival, late on March 16,2024. The renowned carnival, which marks the beginning of the Christian Orthodox Lent, attracted hundreds of participants and tens of thousands of visitors in Strumica. Robert ATANASOVSKI / AFP
    Култура

    Струмица во карневалски ритам: Над 1.000 учесници и настап на Кирил Џајковски

    19/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Струмица и годинава ќе пулсира во знакот на карневалската традиција. Повеќе од 1.000 учесници, 30 маски од Македонија и 11 од странство ќе продефилираат на главната интернационална поворка што ќе се одржи на 21 февруари, додека програмата ќе трае до 25 февруари.

    Струмички карневал важи за една од највпечатливите традиционални манифестации од ваков тип во земјава. Неговите корени се поврзуваат со празникот Тримери, а карневалската традиција во Струмица е забележана и во записите на турскиот патописец Евлија Челебија. Од 1994 година, градот е дел од меѓународната асоцијација на карневалски градови FECC.

    Според претседателката на Организацискиот одбор, Танкица Стојанова, карневалот не е само настан, туку жив обичај што струмичани го негуваат како дел од сопствениот идентитет. Секоја година, додава таа, подготовките се прават со цел програмата да понуди квалитет и разновидност.

    Покрај традиционалната поворка, годинава програмата носи и новини. За првпат ќе биде поставен мјузиклот „Аладин и волшебната ламба“ на македонски јазик, во кој ќе настапат 130 деца и млади. Во петок е планирана и изложба со наслов „Карневалот – танц на бојата и радоста“, на која ќе учествуваат ученици од основните училишта.

    По завршувањето на интернационалната поворка, на централната сцена на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе настапи Кирил Џајковски со специјално подготвена програма. Организаторите посочуваат дека интересот годинава е зголемен, со повеќе пријавени маски и групи што повторно се враќаат по неколку години пауза.

    За детскиот карневал, што ќе се одржи во недела, се очекуваат повеќе од 600 учесници. Според организаторите, растечкиот број учесници ја потврдува важноста на карневалот како културен и туристички белег на градот.

    Главен покровител е Општина Струмица, која од буџетот издвои 3,7 милиони денари, а поддршка има и од Министерството за култура и туризам, како и од приватниот сектор.

    Главната поворка е закажана за 21 февруари, а карневалската атмосфера ќе трае до 25 февруари, со очекувања за бројни посетители од земјава и од странство.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.