Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Уметничка вечер во Чифте амам: Лацо Каменицки пред скопската публика
    Култура

    Уметничка вечер во Чифте амам: Лацо Каменицки пред скопската публика

    19/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам од денеска до 1 март ќе биде отворена изложбата на словачкиот уметник Лацо Каменицки насловена „СТУДИИ ВО АПСТРАКЦИЈА“. Ова е негова осма самостојна изложба која обединува дела од повеќе различни уметнички циклуси.

    Изложбата ја организира Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје во соработка со Националната галерија на Македонија, Амбасадата на Словачка во Македонија, Амбасадата на Македонија во Словачка и Минисгтерството за култура и туризам. Куратори се проф. Кирил Пенушлиски и Јасминка Намичева – кустос советник.

    Во Чифте-амам се поставени некои од најраните платна на Каменицки, од 2018 година, како и други, создадени пред само неколку месеци. Во изложените дела уметникот истражува низа концепти што често се појавуваат во неговото творештво: перцепцијата, просторот и апстракцијата како средство за изразување идеи и метафори.

    -Изложбата почнува со неколку слики — омажи на уметници и личности кои значително влијаеле врз креативниот пат на Каменицки. Овие дела, можат да се разберат како манифестации на размислувањата на Каменицки за важни идеи — од разни теоретски концепти во астрофизиката до метафизички интерпретации на универзумот. Меѓу прикажаните слики има пространи, космички инспирирани композиции, но и други што се вдахнати со прецизниот, повторувачки ритам на оп-арт структурите, изградени од коцки. Кон нив се придружуваат и низа други платна што одаваат почит на влијателни уметници или личности чии идеи и визии го инспирирале или обликувале творечкиот развој на Каменицки. Заедно, тие создаваат дијалог меѓу бесконечното и конструираното, меѓу интуицијата и структурата, меѓу историското влијание и современиот ликовен израз, наведува Националната галерија.

    Централно место во апстрактните дела на Каменицки зазема истражувањето на просторот како физички и метафизички концепт. Сликите со космичка тематика, што „навестуваат“ галаксии и ѕвездени движења, евоцираат огромни, немерливи простори и тивки, бескрајни пространства што се далеку од човечките размери. Но, наместо дословно и точно да го прикажува универзумот, во овие дела уметникот ја претвора космичката енергија во боја, гест и атмосфера, што им овозможува на гледачите да го доживеат прикажаниот простор како чувство, а не како слика.

    -При посетата на изложбата, посетителите се движат помеѓу потопување (имерзија) и набљудување, разбирајќи дека значењето не произлегува од една единствена слика, туку од врските што се создаваат во целиот корпус на изложените дела. Оттаму, остануваме со јасен впечаток дека, земена како целина, изложбата на Лацо Каменицки во Националната галерија на Македонија ја претставува апстракцијата пред сѐ како простор за истражување, а не како конечен одговор, наведува Националната галерија.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.