Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Џез вечер со Националниот џез-оркестар и маестро Renato Chicco
    Култура

    Џез вечер со Националниот џез-оркестар и маестро Renato Chicco

    19/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Националниот џез-оркестар, вечерва, во Македонската опера и балет, ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco. На концертот, под диригентство на Џијан Емин, ќе биде изведена програмата од албумот на Chicco, First Encounter – Organ & Big Band- – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани.

    Специјален гостин на вечерта е 𝐀𝐧𝐝𝐲 𝐖𝐚𝐭𝐬𝐨𝐧 (Њујорк) – тапанар со богата кариера на американската џез-сцена и соработник на ансамбли, како 𝑉𝑎𝑛𝑔𝑢𝑎𝑟𝑑 𝐽𝑎𝑧𝑧 𝑂𝑟𝑐ℎ𝑒𝑠𝑡𝑟𝑎 и 𝑇𝑜𝑠ℎ𝑖𝑘𝑜 𝐴𝑘𝑖𝑦𝑜𝑠ℎ𝑖 𝐵𝑖𝑔 𝐵𝑎𝑛𝑑. Неговиот препознатлив грув и стил претставуваат клучен елемент во звучниот идентитет на овој проект.

    Renato Chicco е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 90-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на 𝐿𝑖𝑜𝑛𝑒𝑙 𝐻𝑎𝑚𝑝𝑡𝑜𝑛 и музички директор на 𝐽𝑜𝑛 𝐻𝑒𝑛𝑑𝑟𝑖𝑐𝑘𝑠 & 𝐶𝑜𝑚𝑝𝑎𝑛𝑦, Chicco дејствувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција настапувајќи и во култни џез-клубови, како 𝐵𝑙𝑢𝑒 𝑁𝑜𝑡𝑒 и 𝐵𝑖𝑟𝑑𝑙𝑎𝑛𝑑. Денес, неговиот авторски потпис најјасно се препознава преку звукот на хамонд-оргулите – инструмент што во проектот 𝑂𝑟𝑔𝑎𝑛 & 𝐵𝑖𝑔 𝐵𝑎𝑛𝑑 е поставен во центарот на оркестарскиот израз.

    Како што информира Националниот џез-оркестар, денеска, еден час пред почетокот на концертот, на билетарницата на МОБ ќе бидат достапни билети со 50 % попуст за студенти и пензионери, кои ќе треба да приложат соодветен документ.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.