Левица во изминатиот период добила повеќе реакции од граѓани за наводно доцнење на исплатата на надоместоците за привремена спреченост за работа поради болест од страна на Фонд за здравствено осигурување.
Според партијата, станува збор за средства кои за дел од граѓаните претставуваат единствен извор на приход додека се на боледување и мора да бидат исплатени.
Левица бара од Фондот јавно да соопшти кога ќе бидат извршени исплатите на боледувањата и дали институцијата располага со доволно средства за редовно исполнување на своите законски обврски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
