Сојузот на синдикати со блокирање на пристапот до Владата, денеска повторно го истакна барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра и ленарно покачување на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција што е блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Парламентот и Стопанската комора.
Блокадата, како што објаснува ССМ, е затоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите.
Инаку, од Владата неколку пати истакнаа дека оставаат синдикатот да се договори со работодавачите и секој договор ќе го прифати.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
