Нивото на речиси сите поголеми реки во Македонија е далеку над просекот за февруари. Денешните податоци на УХМР, покажуваат дека најдраматична е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде се измерени 196 сантиметри, иако во фебруари просекот е 49 сантиметри.
Зголемени ново на водата има и во Вардар, кај Јегуновце, каде утрово се измерени 220 сантиметри, што е за два и пол пати повеќе од вообичаеното ниво. Покачено ниво на водата на Вардар е регистриран и кај Скопје, Велес и Демир Капија.
Зголемување на нивото на водата се бележи и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
