На денешната прес – конференција на лидерскиот Самит на ЕУ и Западен Балкан, посветен на Планот за раст, еврокомесарката за проширување Марта Кос истакна дека лидерите прв пат се состанале да говорат за импламентацијата, затоа што се покажани првите резултати, како и дека 75 отсто од договорените реформи за сите земји се или имплементирани или тој процес е во тек.
Таа потенцира дека Планот за раст е клучен дел од она што се нарекува забрзана интеграција, каде што Комисијата планира да го интегрира регионот во единствен пазар, како и во европските политики за одбрана, безбедност и подготвеност, пред земјите од него станат членки на ЕУ.
-Ако на минатиот Самит говоревме за плановите, сега дојдовме во фаза на имплементација, овој Самит првпат се однесуваше за имплементацијата. Ги покажуваме првите резултати, 75 проценти од договорените реформи за сите земји се или имплементирани или во тек е нивно имплементирање. Една четвртина сепак не е изготвена и затоа ги поканувам лидерите да ја забрзаат оваа имплементација. Ајде сега да зборувам за конкретните резултати, коишто може да се видат. Земете ги на пример овозможување на плаќањето на многу побрз и полесен начин. Едноставно кажано значи дека младите претприемачи, на пример во Скопје или пак во Тирана може да добиват исплати од цела ЕУ, исто како деловните субјекти во Мадрид или во Виена. Ова важи за земјите од Западен Балкан, рече Кос.
Таа додаде дека се договориле за 11 приоритетни точки и нагласи дека транформацијата е нешто што претставува овој процес вклучен со Планот за раст.
Таа истакна дека се разговарало и за роамингот нагласи оти лидерите имаат волја да работат во насока на промена на законите, со цел да се спроведат повеќе реформи, при што ќе се овозможи бесплатен роаминг за западнобалканските земји од 1 јануари 2026 година.
И на прес-конференцијата се осврна на трагедијата во Кочани, нагласувајќи дека државата се уште се опоравува од пожарот.
-Сакам да им упатам сочувство до семејствата и до блиските на жртвите и на повредените. Ваквите трагедии како Кочани не потсетуваат што е најважно во животот, а тоа е семејството, пријателите, заедницата ,односно луѓето коишто помагаат, односно тоа е солидарност на дело и солидарност од ЕУ кон нашите земји-кандидатки. Многу други Европејци беа покрај вас, ви помагаа во изминативе месеци. Мило ми е што се согласивме дека кога ќе дојдам на билатералните посети наскоро во Северна Макеоднија, заедно ќе ги посетиме повредените во Кочани, истакна Кос.
