Во Швајцарија има загриженост од растот на населението со доселеници. Поради тоа во јуни ќе одржи референдум за ограничување на населението на најмногу 10 милиони жители.
Иницијативата „Не за Швајцарија со 10 милиони жители” ја поднесе десно ориентираната Швајцарска народна партија која собра над 100.000 потписи за да се одржи референдумот.
Иницијативата предвидува уставни измени според кои, доколку бројот на жители — вклучувајќи ги и државјаните и странците со регулиран престој — достигне 9,5 милиони пред 2050 година, владата мора да преземе мерки за забавување на растот.
Инаку Швајцарија моментално брои околу 9,1 милион жители, од кои околу 30% се странци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
