Премиерот, Христијан Мицкоски, очекува стабилизирање на ценовните движења во Македонија. Воедно тој очекува дека инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.”
Тој додаде дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните.
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација и распаднати институции, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани”, истакна премиерот.
