Изнесувањето на завршните зборови на судењето против поранешните лидери на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, започнува денеска пред Специјализираните судски совет во Хаг и ќе трае до 18 февруари.
По ова, во рок од 90 дена, Советот ќе донесе пресуда.
Лидерите на ОВК се товарат за злосторства против човештвото: прогон, затворање, мачење, и присилно исчезнување на лица, како и за воени злосторства: сурово постапување, мачење и убиства.
Во обвинението се наведува дека кривичните дела се извршувани најдоцна од март 1998 година до крајот на септември 1999 година на повеќе од 40 локации низ Косово и во северна Албанија, врз најмалку 407 притвореници,
од кои најмалку 102 биле убиени.
Сите обвинети се во притвор во Хаг од апсењето од ноември 2020 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
