Одредувањето на износот на минималната плата се уште е една од главните теми во Македонија. По протестот на ССМ со барање за покачување на минималецот на 600 евра и линеарно зголемување на сите плати за по 100 евра тие најавија дека ќе се радикализираат со протести и блокади.
Владата остана на ставот дека износот на минималната плата е нешто штотреба да го договорат работниците и работодавачите и дека тие во дејностите каде што тие се работодавачи веќе со некои синдикати се договориле, а со некои, како вчера со УПОЗ, се во процес на усогласување.
На оваа тема синоќа се произнесе и гувернерот Трајко Славевски, кој кажа дека зголемувањето на платите како што бара Синдикатот ќе значи дополнителни една милијарда и 250 милиони евра во масата за плати во јавниот и во приватниот сектор.
Според него ова би значело потоп за илјадници претпријатија во Македонија, масовни отпуштања и голема невработеност, а тоа ќе повлече и повисока инфлација и драстично зголема цена на кредитите.
