Оваа година, Владата културата ја става како еден од врвните приоритети и поради тоа има зголемен буџет кој ќе изнесува околу 25 милиони евра. Оваа информација денеска ја сподели премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата.
Да се надеваме дека голем дел од овие пари ќе се искористат за реконструкција и разубавување на скопските културни објекти, во насока на подготовка на Градот за 2028 година, кога Скопје ќе биде европски град на културата. На пример – за реконструкција одамна чека Универзалната сала.

