Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Министрите од Западен Балкан и претставници на ЕК ќе бараат решение за статусот на превозниците
    Економија

    Министрите од Западен Балкан и претставници на ЕК ќе бараат решение за статусот на превозниците

    03/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната.

    Според најавите, на состанокот ќе присуствуваа министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската комисија за проширување и источно партнерство, за мобилност и транспорт и за миграција и внатрешни работи.

    Прашањето за предизвиците на превозниците беше актуализирано со минатонеделната блокада на граничните премини кон Шенген зоната од страна на камионџиите во регионот, по што во средата се одржа средба меѓу претставници на Комисијата и амбасадорите на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ.

    Портпаролот на ЕК за внатрешни работи, Маркус Ламерт, во петокот изјави дека Комисијата е свесна за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западен Балкан, внимателно ја следи ситуацијата и е во контакт со партнерите од регионот.

    Свесни за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западниот Балкан. Внимателно ја следиме ситуацијата и во контакт сме со нашите партнери во регионот. Во средата оваа недела с

    Тој нагласи дека Европската комисија е целосно посветена на прашањата што ги иницираа превозниците, па затоа со Стратегијата за визите, објавена во четвртокот, се предвидува тесна соработка со земјите членки „за да се идентификуваат прагматични решенија, што може да се осигурат безбедност и економска корист за ЕУ, како и правна јасност за патниците“.

    – Врз основа на размислувањата, ќе се разгледа и воведување ново законодавство со специфичен сет правила за продолжен кус престој на ниво на ЕУ – изјави Ламерт, додавајќи дека засега не би можел да даде никаква временска рамка за овие нови правила.

    Во однос на забелешките на превозниците на воведувањето на системот за регистрација на влез и излез (ЕЕС), Ламерт нагласи дека со него не се воспоставуваат нови правила за престој во шенген-зоната, туку и натаму во цела Европа се во сила истите правила што важат со години.

    – Би сакал одново да ги повторам правилата. Според правилата на шенген-зоната, граѓаните на земјите ослободени од визен режим имаат право да останат во шенген-зоната до 90 дена во кој било период од 180 дена. Секој престој подолг од ова мора да биде покриен со различна форма на виза, на пример, со виза за долг престој или дозвола за престој издадена од земја членка. Нема нови правила – истакна Ламерт.

    Поврзани вести:

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    26/10/2026

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    26/10/2026

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.