Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Нов трејлер за „Ѓаволот носи Прада 2“: Ен Хатавеј и Емили Блант се среќаваат повторно по 20 години
    Култура

    Нов трејлер за „Ѓаволот носи Прада 2“: Ен Хатавеј и Емили Блант се среќаваат повторно по 20 години

    02/02/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Љубителите на The Devil Wears Prada конечно дочекаа. Објавен е најновиот трејлер за долгоочекуваното продолжение на култниот филм, Ѓаволот носи Прада 2.

    Во прегледот, кој следува по краткиот тизер од минатата година во кој се појавија Миранда Присли (Мерил Стрип) и Енди Сакс (Ен Хатавеј) во лифт, гледачите се сведоци на повторната средба меѓу Енди и нејзината поранешна колешка, асистентката Емили Чарлтон (Емили Блант). Средбата открива што сè се променило — и што останало исто — во изминатите две децении.

    „Си се сменила. Многу си посамоуверена“, но, веѓите си ги задржала, нели?“ – со препознатлива доза сарказам ѝ вели Емили на Енди.

    Трејлерот нуди и кратки сцени со Миранда и Најџел (Стенли Тучи) на Мет Гала настанот, потсетувајќи на гламурот што го дефинираше оригиналниот филм.

    Во пресрет на објавувањето на трејлерот, Стрип, Хатавеј, Блант и Тучи дадоа интервју за Vogue, зборувајќи за враќањето во светот на Runway.

    „Беше како да навлегуваш во задниот дел од сопствениот плакар и да си помислиш: ‘Се прашувам дали ова сè уште ми стои?’“, изјави Стрип.

    Блант додаде дека чувството било како „враќање дома“, но и се пошегува на сметка на својот лик.
    „Овој лик ми прилега како ракавица — можеби и премногу лесно. Таа е вистинска лудачка. Можеби треба да се запрашам зошто толку лесно повторно влегувам во таа улога.“

    Стрип и Блант зборуваа и за огромниот интерес од фановите, кој се манифестирал преку толпи љубопитни минувачи и бројни фотографии и видеа на социјалните мрежи за време на снимањето во Њујорк минатото лето.

    „Оваа опсесија и желбата филмот да се ‘консумира’ уште пред да излезе е показател за тоа колку се променија индустријата и нашите животи“, изјави Блант. „Доаѓавме на сет во тренерки и се пресоблекувавме во последен момент, обидувајќи се да ја зачуваме магијата.“

    Стрип, пак, беше воодушевена од ентузијазмот.
    „Кога првпат излегов на Шеста авенија — каде што снимавме и пред 20 години, а тогаш никому не му беше гајле — слушнав вистински рев од луѓе. Кога го снимавме таканаречениот ‘Мет Бал’, беше уште полудо. Луѓето беа облечени како Миранда. Искрено, тоа целосно ме изненади.“

    Во текстот на Vogue детално се обработени и модата, фризурите и шминката во продолжението.

    Ѓаволот носи Прада 2 во кината пристигнува на 1 мај, во продукција на 20th Century Studios на Дизни. Покрај Стрип, Хатавеј, Блант и Тучи, во филмот играат и Кенет Брана, Симон Ешли, Џастин Теру, Луси Лиу, Б.Џеј Новак и други. Режисер повторно е Дејвид Френкел, а сценариото го пишува Алин Брош Мекена, авторка и на првиот филм, базиран на романот на Лорен Вајсбергер од 2003 година.

    Продолжението ја прикажува Миранда како се соочува со предизвиците на печатените медиуми во 2026 година, додека влегува во конфликт со Емили, која сега е на чело на луксузен бренд. Енди, пак, се враќа во Runway по години поминати како репортерка што патувала низ светот — искуство што директно влијае врз нејзиниот стил.

    „Гледаме жена која повторно се пронаоѓа — и професионално и емотивно“, изјави костимографката Моли Роџерс.
    Хатавеј додаде дека приказната објаснува како новинарка во денешно време може да има впечатлив гардеробер: преку години патувања, истражувачка работа и вешто користење на консигнациски продавници — со враќање на „магичниот плакар“ со помош на Најџел.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.