Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, укажа дека неговата влада нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ.
Тој, коментирајќи ја изјавата на неговиот украински колега, Андреј Сибиха дека „Унгарија е пречка за членството на Украина во ЕУ”, потврди дека тоа е „целосно точно”.
„Нема ништо ново за нас во фактот дека Андреј Сибиха не е наш пријател, тој нè мрази и нè напаѓа. Сепак, во интервјуто на министерот имаше една фраза со која целосно се согласуваме: „Унгарија е единствената пречка за членството на Украина во ЕУ”. Ова е сосема точно”, напиша унгарскиот министер на Фејсбук.
Тој додаде и дека додека сегашната унгарска Влада е на власт, „Украина нема да биде членка на Европската Унија, бидејќи Украинците ќе донесат
војна во ЕУ”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







