По 22 години континуитет на нашата и странската сцена, Aнсамблот „Парусион“, повторно се враќа со концерт во МКЦ. Концертот ќе биде вечерва во киното „Фросина“, каде посетителите ќе имаат можност да слушнат, како се создава низ ритам, колектив и продукција во живо.
Актуелниот состав, „Парусион“, кој функционира како цврст, но отворен музички организам, е составен од врвни музички уметници. Секој од нив има простор за индивидуална интерпретација, но звукот секогаш се гради како заеднички чин.
Концертот во МКЦ ќе понуди пресек од целиот творечки опус на ансамблот. Почнувајќи од првите композиции што се свират уште од пред 22 години, преку материјалот од албумот „Агол“, кој бендот го смета за своја точка на полнолетство, до нови композиции и свежи интерпретации што публиката ќе ги слушне за првпат. Ова е музика што не е моментална, туку продукциска – создадена за да живее и да се менува во живиот контакт со публиката.
