Меморандум за соработка денеска потпишаа Општина Кисела Вода и Националната установа – Оркестар за џез музика на Република Македонија. Со оваа соработка се прошируваат активностите во областа на културата на територијата на општината. Документот го потпишаа градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска и директорот на Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски.
Соработката предвидува реализација на концерти, музичко-сценски настапи, работилници и едукативни програми, со цел збогатување на културната понуда за граѓаните.
-Нашата цел е културата и уметноста да бидат поблиску до секој жител на Кисела Вода. Со оваа соработка создаваме услови за повеќе квалитетни и современи културни содржини, а посебен фокус ставаме на младите музичари и сите љубители на џез музиката. Кисела Вода останува да биде општина што инвестира во културата и младите-изјави Стаменкоска -Трајкоска.
