Секој има право да протестира – рече денес премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на минималната плата на 600 евра. Тој посочи дека минималната плата законски ќе се зголеми во март.
Тој објасни дека, согласно со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, а платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени.
Мицкоски уште еднаш го повтори ставот на Владата дека ќе го поддржи секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен диајлог.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
