Северна Македонија и Албанија имаат рок до 1 февруари 2026 година да достават до Центарот за светско наследство при УНЕСКО детален извештај за преземените мерки за заштита на Охридскиот регион и Охридското Езеро, кои се дел од обврските за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство.
Регионoт, кој е впишан на Списокот на светско наследство, е под силни притисоци од неконтролирана урбанизација, прекумерен туризам и недостатоци во системите за третман на отпадни води, а досегашните мерки не довеле до значајно подобрување на состојбите, што го прави „екстремно ранлив“.
На 47. сесија на Комитетот за светско наследство во Париз во 2025 година беше одлучено Охрид да не биде ставен на Листата на наследство во опасност, но само ако двете држави ја исполнат обврската да достават исцрпен извештај за напредокот до истиот рок.

Извештајот треба да ги опфати конкретните мерки за заштита, реализацијата на претходните препораки, активности за контрола на урбанистичкиот развој и заштита на крајбрежјето, како и правни и управувачки промени и координација меѓу институциите на двете земји.
Ако извештаите не бидат доставени или доколку УНЕСКО оцени дека мерките не се доволни, регионот може да биде разгледан за вклучување на Листата на светско наследство во опасност на следните заседанија, што би значело поголемо меѓународно надзорство и рестриктивни препораки за заштита.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
