На свеченото отворање на Шестата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, претседателката Гордана Силјановска-Давкова порача дека вложувањето во образовни и научни програми е клучно за долгорочната заштита и развој на македонскиот јазик, посочувајќи ја Зимската школа како пример за одржлива културна политика.
Таа нагласи дека ваквите програми не се само едукативни настани, туку стратешка алатка за јакнење на македонистиката и за градење меѓународна мрежа на истражувачи, лектори и студенти кои го изучуваат македонскиот јазик надвор од земјата.
Според Силјановска-Давкова, поддршката на јазикот мора да се темели на континуитет, институционална грижа и квалитетна академска работа, а не на краткорочни и симболични потези. Само преку образование, научна соработка и активна културна дипломатија, македонскиот јазик може да ја зацврсти својата позиција на меѓународната сцена
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
