Несовесен 47 годишен тетовчанец синоќа бил приведен од полицијата, откако најпрово бил запрен поради возење во спротивна насока, а по проверките му биле измерени и 1,57 промили алкохол во крвта.
Веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
-По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, информираа од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
